Совети за подготовка на највкусни колбаси на скара

Совети за подготовка на највкусни колбаси на скара

Ако уживате во подготовката на месо на скара и имате амбиции на вашите специјалитети сите да се воодушеват, неколку совети за подготовка на колбаси сигурно ќе ви бидат од корист.

1. Нека месото пред подготовката биде подолго на собна температура

Ова правило важи за сите видови месо, па и за колбаси. Пред да ги ставите на скара, оставете ги на собна температура барем половина час.

2. Не ја отстранувајте обвивката на колбасиците

Тенката обвивка на колбасиците им овозможува на сочните состојки да останат во колбасот за време на подготовката.

3. Од ниска до средна температура

Тајната на совршено испечени колбаси е да почнете да ги печете на ниска температура и постепено да ја зголемувате.

4. Не дозволувајте да изгорат

Највкусните колбаси на скара се оние кои благо ќе потемнат, а не оние кои изгореле. Затоа многу е важно да водите сметка површината на колбасите да не поцрни.

5. Плинска скара или обична

За оптимална контрола на температурата сигурно подобра е скарата на плин, но ако сакате вкус на месо од оригинална скара, ќе морате да водите сметка за температурата на печење.

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки