ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ: Лесковачка плескавица за првомајските празници

ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ: Лесковачка плескавица за првомајските празници

Кој уште може да им одолее на специјалитетите од јужна Србија?

Сите велат дека лесковачката скара е најдобрата, а ние ви откриваме како да ја направите дома.

Потребно е јунешко месо, и тоа од предните делови, врат, плешка…, со додаток на одреден процент лој, но не било кој, туку бубрежен.

Процентот на сол е два отсто од вкупната количина месо која се подготвува.

Начин на подготовка:

  1. Прво се меле месото на покрупно, па се остава најмалку од 12 до 24 часа на температура од нула до четири степени.
  2. Потоа следи уште едно мелење на ситно. Кога ќе се сомеле и замеси, месото се остава да отстои околу еден час.
  3. Вистинската лесковачка плескавица е со тежина од 180 до 200 гр и не е без кромид. Кромидот е важен бидејќи му дава специфичен шмек на плескавицата.
  4. Кромидот не е испржен, ниту испечен, туку само омекнат. Плескавицата се пече шест минути на температура од 160 степени.
  5. Вака подготвената плескавица се послужува со кромид и пипер.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед