Сладолед торта од јагоди

Сладолед торта од јагоди

Под ледениот фил се наоѓа крцкава безе кора…

Состојки за кора:

  • 3 белки
  • 60 гр шеќер
  • 50 гр мелени лешници
  • 20 гр брашно

Останати состојки:

  • 2 јајца
  • 3 жолчки
  • 225 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 400 мл слатка павлака
  • 250 гр јагоди

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 120 степени. Цврсто разматете белки со шеќер. Измешајте лешници и брашно, па додајте ги во снегот од белки. Обложете со хартија калап за колачи (со пречник од 20 см) и ставете ја безе масата. Сушете 2-3 часа во рерна.
  2. На пареа разматете јајца, жолчки 150 гр шеќер и ванилин шеќер. Одвоено разматете павлака и измешајте ја во смесата.
  3. Јагодите измијте ги, исчистете ги и испасирајте ги, додавајќи 75 гр шеќер.
  4. Печената кора од безе маса извадете ја од калапот, извадете ја хартијата, па вратете ја кората назад во рамката. Ставете крем и од горе пире од јагоди. Израмнете ја масата со широк слаткарски нож и оставете ја тортата 6 часа во фрижидер.
  5. Извадете ја тортата 30 минути пред послужување.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта