Ќофтиња од пилешко – пикантни залаци кои ќе ве освојат!

Ќофтиња од пилешко – пикантни залаци кои ќе ве освојат!

Ако постојано подготвувате ќофтиња од јунешко или свинско месо, време е малку да смените. Направете ги овие пикантни залаци од пилешко месо кои ќе ве освојат!

Состојки:

  • 450 гр мелено пилешко месо
  • 1 јајце
  • 3 лажици магдонос
  • 1 лажица сос од домати
  • 1 чешне лук, исечкан
  • 1/4 шолја млеко
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 70 гр пармезан
  • 1/4 шолја + 2 лажици презла

Состојки за прелив:

  • 1 лажица доматен сос
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/2 лажица балсамико оцет
  • 1/2 лажичка шеќер

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад измешјте јајце, магдонос, лажица доматен сос, лук, млеко, сол и бибер. Сè добро измешајте.
  2. Додајте во смесата мелено месо, пармезан и презла. Добро измешајте со раце, за состојките да се поврзат. Од смесата направете ќофтиња и редете ги на плех за печење.
  3. Измешајте ги сите состојки за прелив и премачкајте ги ќофтињата. Печете ги ќофтињата во загреана рерна околу 30 минути, а потоа извадете ги, почекајте да се изладат и послужете со компир пире или шпагети.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте