Ништо од скарата за Први Мај – деновиве сонце потоа промена на времето

Ништо од скарата за Први Мај – деновиве сонце потоа промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 24 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, повеќе изразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе бидат во постепен, а дневните во позначителен пораст. Од ноќта кон сабота облачноста ќе се зголеми и за време на продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела ќе почне да дува северен ветер кој ќе донесе спуштање на температурите. Во понеделник попладне се очекува нестабилно време со појава на грмежи.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко