Сон на секоја домаќинка која сака во рок од неколку минути да го израдува семејството е некоја брза овошна торта.
Во продолжение ви донесуваме рецепт за токму таква торта! Многу шлаг и многу овошје е формулата за одличен лесен десерт!
Состојки:
- 1 конзерва овошен компот по избор
- 250 гр шеќер во прав
- 250 гр кори за пита
- 2 кесички желатин
- 1 кесичка шлаг
- 100 мл масло
- 100 мл вода
- 500 мл слатка павлака
- 200 мл млеко
Начин на подготовка:
- На работна површина ставете 2 кори за пита и пропрскајте ги со масло. Уште 2 пати повторете ја оваа постапка. Со помош на превртен сад за матење обележете и исечете 4 кружни „кори“ за тортата. По две ставете во две тепсии. Печете ги 15 минути на 200 степени. Кога ќе се испечат раздвојте ги така што ќе добиете 4 кори.
- За тоа време со миксер разматете вода, желатин, млеко и шеќер во прав. Во друг сад со миксер разматете слатка павлака и шлаг. Сè измешајте и додајте желатин.
- На послужавник за торта ставете ја првата кора и филувајте со четврт фил. Поклопете со друга кора и премачкајте со фил, па нанесете овошје од компот. Повторете ја постапката со третата и четвртата кора, завршете со фил и оставете ја тортата да се излади неколку часа.
- Од горе по желба посипете со шеќер во прав или рендано чоколадо.
Послужете и уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега