ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не ја јадете храната на која застанала мува!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не ја јадете храната на која застанала мува!

Во неодамна објавено истражување ги прашале учесниците дали би излегле од ресторан кога во него би виделе лебарки, муви, мрави или змии, односно – во кој случај најбрзо би излегле.

Повеќе од 60 отсто од испитаниците како најлоши ги издвоиле лебарките.

Но, научниците предупредуваат дека вистинската закана всушност доаѓа од мувите бидејќи пренесуваат двојно повеќе бактерии.

Но, тоа не е најодвратно.

Мувите обожаваат измет, ѓубре и мртви животни во фаза на распаѓање. Бидејќи не можат да џвакаат, храната која ја пронаоѓаат на овие места ја растопуваат со ензими кои ги плукаат, а потоа ги вшмукуваат.

Со други зборови, кога мува ќе слета на вашата чинија, таа всушност „плука“ на храната која ја јадете.

Освен тоа, на своето тело носи бактерии и вируси кои можат да останат на храната, пишува  Country Living.

Повеќе на Готви.мк:

Преслатко: Реакција на бебиња кога за прв пат пробуваат сладолед (видео)

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

ВИДЕО: Вистинска „магија“ со која ќе ги воодушевите децата – ви треба лубеница

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите