Погачици со млад кромид и сирење (ВИДЕО)

Погачици со млад кромид и сирење (ВИДЕО)

Овие погачици ќе ги засакате и ќе ги правете додека трае сезоната на млад кромид!

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 200 гр путер
  • 1 јајце
  • 300 гр ситно сирење
  • 100 гр кашкавал
  • 2 парчиња млад кромид
  • малку магдонос
  • сол
  • прашок за печиво
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Во вангла исечкајте путер, додајте јајце, ситно сирење, изрендан кашкавал, исечкан кромид и магдонос. Со рака добро изгмечете за состојките да се соединат, па додајте брашно и прашок за печиво.
  2. Замесете, развлечете со сукало и превиткајте ги краевите. Оставете да отстои еден час во фрижидер, па повторно развлечете на еден прст дебелина, вадете со чаша кругови и редете ги во намастена тепсија.
  3. Оставете ги уште половина час да отстојат, премачкајте ги со разматено јајаце и печете ги на 200 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л