БРЗО, ЛЕСНО, ВКУСНО: Мрежеста пица (ВИДЕО)

БРЗО, ЛЕСНО, ВКУСНО: Мрежеста пица (ВИДЕО)

Вкусно печиво идеално за доручек или вечера…

Состојки:

  • 200 гр шунка
  • 100 гр сирење
  • 100 гр кашкавал
  • кечап
  • малку масло
  • сусам
  • семки
  • 200-300 гр брашно
  • 20 гр квасец
  • 1 јогурт
  • малку шеќер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Квасецот потопете го во малку вода и додајте шеќер. Кога квасецот ќе се растопи додајте малку масло, брашно и малку сол, па замесете меко тесто и оставете го малку да нарасне на топло. Нараснатото тесто размесете го и поделете го на два дела.
  2. Првиот дел развлечете го со сукало во тенко тесто со големина на плех. Премачкајте со кечап, посипете со сечкана шунка, потоа со трошки сирење, рендан кашкавал и оригано.
  3. Другиот дел од тестото исто така развлечете го тенко, па со ваљак за сечење исечете го тестото, намотајте го на сукало и префрлете го во тепсија. Отсечете го вишокот тесто.
  4. Премачкајте со жолчка и посипете со малку сусам. Печете на 200 степени 15-20 минути.

Начинот на подготовка детално е објаснет и во видеото на „Бакина кухиња“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text