За оваа торта ќе биде потребно да подготвите и кора, но тоа се прави исклучително лесно, а се пече кратко – само петнаесетина минути.
Состојки за кора:
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 100 гр кокос
- 100 гр мелени ореви
- 1 прашок за пециво
Состојки за фил:
- 6 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 2 чоколада за готвење
- 200 гр путер
- 200 мл слатка павлака
- 2-3 кесички шлаг пена
Начин на подготовка:
- Разматете 6 белки со 6 лажици шеќер. Додајте кокос, мелени ореви и прашок за пециво. Измешајте, а потоа тестото ставете го во плех и печете во загреана рерна на 190 степени Целзиусови 10 до 15 минути.
- 6 жолчки и 6 лажици шеќер згответе на пареа додека кремот не згусне. Додајте две чоколада за готвење непрекинато мешајќи додека чоколадото не се растопи. Тргнете го од рингла и оставете го да се излади.
- Разматете 200 мл слатка павлака и оставете на страна. Во ладниот крем додајте омекнат путер и матете. На крај додајте разматен шлаг и измешајте. Кремот ставете го преку изладеното тесто, а потоа шлаг пената.
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт