Хит чоколадни лижавчиња: Никогаш полесна подготовка за десерт за паметење!

Хит чоколадни лижавчиња: Никогаш полесна подготовка за десерт за паметење!

Покрај што се прават брзо и едноставно, со својот изглед ги воодушевуваат сите!

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 100 гр шеќер
  • 150 гр маргарин
  • 250 гр мелени бисквити
  • 200 гр чоколадо за готвење за глазура
  • шарени трошки
  • пластични стапчиња

Начин на подготовка:

  1. Ставете млеко во тенџере, додајте шеќер и ставете на оган. Откако ќе зоврие, додајте маргарин, мешајте додека маргаринот не се растопи, тргнете од оган и оставете да се излади. Додајте мелени бисквити, добро измешајте.
  2. Земајте по малку смеса, па со дланките обликувајте топчиња, забодете стапчиња во нив и отавете ги во фрижидер (барем половина час)
  3. Топчињата потопете ги во подготвената чоколадна глазура, потоа извалкајте ги во шарени трошки, или декорирајте ги по желба.

Послужете и уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта