Наредна недела температурен шок – подгответе се за ова

Наредна недела температурен шок – подгответе се за ова

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во недела повторно ќе има засилен северен ветер особено во северните делови и в долж Повардарието. Во недела попладне ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд, а преку ноќта на планините појава на слаб снег.

Од понеделник утринската температура полека ќе се покачува, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински температури насекаде. Дневните температури од недела брзо ќе се покачуваат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела ќе надминуваат 20 степени пред се на југот од земјата.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко