Домашна српска кисела чорба: Само една чинија го закрепнува и чисти телото!

Домашна српска кисела чорба: Само една чинија го закрепнува и чисти телото!

Идеален начин да го закрепнете организмот и да внесете здрав зеленчук…

Во продолжение ви донесуваме рецепт за стара, добра, кисела чорба:

Состојки:

  • 1 пиле (1-1,5 кг)
  • 1 главица кромид
  • 2-3 моркови
  • целер со големина на јајце
  • 2 ловорови листови
  • 150-200 мл павлака
  • 1/2 шолја ориз
  • 2 лимони
  • 3-4 жолчки
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во подлабок лонец ставете го пилето и налејте го со 4-5 л вода. Посолете и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие намалете ја температурата и отстранете ја пената која се создава.
  2. Додајте исечкани моркови, ловор и целер, па оставете да се готви. Кога пилето ќе се зготви со зеленчукот, извадете го пилето и отстранете ги коските и кожата, иситнете и вратете го месото во лонецот. Додајте и ориз.
  3. После 15 минути готвење, разматете сок од лимон со жолчки и павлака и добро соединете. Полека додајте ја смесата во лонецот. Посолете и побиберете по вкус. Додајте магоднос и послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула