СОВРШЕНО ЗА ПЕРИОДОВ: Полнети јајца по најдобар рецепт

СОВРШЕНО ЗА ПЕРИОДОВ: Полнети јајца по најдобар рецепт

За Велигден сите сме свесни колку јајца ни остануваат, па на крајот се расипуваат и ги фрламе. За тоа да не е така, ви нудиме вкусно предјадењеили закуска, кои веднаш ќе ве освојат. Што е најважно, лесно и брзо се прави, не е скапо, и има одличен вкус.

Состојки:

  • 8 големи јајца
  • 2 лажици мајонез
  • 1 лажица павлака
  • 1 мала лажичка оцет
  • ½ лажичка сенф
  • ¼ лажичка шеќер
  • зачини

Подготовка:

  1. Тврдо варените јајца се лупат и чистат, па се сечат на половина. Се вади жолчката од средина и се става во чинија.
  2. Во истата чинија следен чекор е да се додадат сите останати состојки за да се измешаат со жолчките.
  3. Се ставаат зачини по вкус, секако сол и бибер, и потоа се полнат половинките од белки од јајце.
  4. Декорирајте со малку магдонос одозгора.

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула