Домашна чорба со пилешко и зеленчук

Домашна чорба со пилешко и зеленчук

Едноставна чорба која лесно се подготвува…

Состојки:

  • 2 батаци (300 гр)
  • 150 гр грашок
  • 150 гр пченка
  • 2 моркови
  • 2 листови ловор
  • бибер во зрно
  • 1,5 дл млеко
  • 2 лажички пченкарно брашно
  • зачини
  • сол
  • 1 лажичка сенф

Начин на подготовка:

  1. Во солена вода сварете 2 пилешки батаци, па месото одвојте го од коските и исечете го на коцки.
  2. Во истата вода додајте 150 гр грашкок, 2 моркови сечкани на коцки, 150 гр пченка.
  3. Од зачините додајте 1-2 листови ловор, десетина зрна бибер и мешавна од зачини, па ставете да се готви 15 минути.
  4. Додајте уште два компири исечени на коцки, исечкани батаци и сè заедно гответе.
  5. Во чаша разматете 2 лажици пченкарно брашно, 1 лажичка сенф и 1,5 дл мелко, па ставете во чорбата која лесно се готви со постојано мешање. Посолете по желба.
  6. Оставете повторно да зоврие и пелешката чорба е готова!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула