Гулаш со цели главици кромид

Гулаш со цели главици кромид

Со цели главици кромид, гулашот изгледа поинтересно…

Состојки:

  • 2 лажици маст
  • 600 гр свинско исечено на коцки
  • 1 лажица мајчина душица
  • 1/2 лажичка лута пиперка
  • зачин од сув зеленчук
  • 250 гр мини кромид
  • 1 лажица путер
  • 3 лажици мед
  • 100 мл бело вино
  • 1 чешне лук
  • 1-2 лажици густин
  • сол
  • бибер
  • 1/2 кг компири

Начин на подготовка:

  1. Загрејте маст во големо тенџере и испржете го месото. Додајте мајчина душица и лута пиперка и кратко пропржете. Налејте со вода, додајте зачин од сув зеленчук и крчкајте поклопено околу 45 минути.
  2. Сварете ги компирите во солена вода.
  3. Излупете го кромидот и ако главиците се големи пресечете ги на половина. Загрејте путер и кратко продинстајте го кромидот. Додајте мед и вино и крчкајте поклопено 10 минути. Исечкајте лук и додајте го.
  4. Кромидот префрлете го во тенџерето со месо и додајте во малку вода разматен густин. Крчкајте 5 минути. Посолете и побиберете. Сервирајте со компир.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text