Вкусниот бурек не мора секогаш да биде со месо. Уверете се сами!
Состојки:
- 600 гр кори за пита
- 3-4 големи компири
- кисела вода
- 1 главица кромид
- 1/2 дл масло
- 1 лажичка бибер
- 1 лажичка морска сол
Начин на подготовка:
- Измијте ги и исушете ги компирите и кромидот, па изрендајте ги.
- Плехот намастете го со масло и ставете неколку кори. Направете фил од компири, кромид, масло, бибер и сол.
- Наредете наизменично додека има материјал. Завршете со неколку кори.
- Печете дваесетина минути на 200 степени, додека не порумени.
- Напомена: Корите премачкајте ги со масло и пропрскајте ги со кисела вода додека ги сложувате, како и последната кора.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи