Вонредна временска прогноза за попладне

Вонредна временска прогноза за попладне

Променливото и облачно време од пладневните часови ќе биде проследено со се почеста појава на нестабилност со поројни врнежи од дожд (локално над 25л/м2) и со појава на грмежи особено на југ и исток.Ќе дува умерен југозападен ветер кој од попладне ќе се менува во северозападен ветер и кој преку ноќта повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Како што информираат од УХМР, од попладне ќе започне позначителна промена на времето, а ќе трае и преку ноќта, поради премин на влажен бран од север проследен со повремено поројни врнежи од дожд особено во северезападните и источните делови од земјава.

На повисоките планини особено на северозапад ќе има и појава на повремен снег. Ќе има и ретка појава на грмежи, денес повеќе кон југоисток, а утре на југозапад. Повремено засилен северен ветер ќе дува и преку ноќта, а и во текот на утрешниот ден што ќе предизвика утре значително опаѓање на температурата.

Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на температурите, а потоа од ноќта кон четврток, нов и значително постуден бран, ќе донесе нови врнежи,засилен ветер и повремен снег на планинитеособено на север и северозапад.

ВИДЕО: Традиционално бојадисување на црвени Велигденски јајца

ВИДЕО: Бојадисајте 50 Велигденски јајца со боја во капсули

ВИДЕО: Подготовки за Велигден – бојадисајте Велигденски јајца со ластичиња

ВИДЕО: Бојадисајте Велигденски јајца користејќи чипка

ВИДЕО: Бојадисување на Велигденски јајца на пареа

Прочитајте интересни Gotvi.mk рецепти како предлог за Велигденската трпеза:

Охридски чомлек

ВИДЕО: Како да направите големо чоко Велигденско јајце

Велигденска торта

ВИДЕО: Рецепт за панакота со јагоди

ВИДЕО: Рецепт за брз домашен чоколаден ролат