Свински кременадли со презла и пармезан

Свински кременадли со презла и пармезан

Крцкави кременадли од рерна послужете ги со свежа салата и компир.

Состојки:

  • 4 кременадли без коски
  • 1 лажица маслиново масло
  • 100 гр пармезан
  • 100 гр презла
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка лук во прав

Начин на подготовка:

  1. Во чинија измешајте пармезан, презла, лук и бибер. Кременадлите премачкајте ги со маслиново масло, а потоа извалкајте ги во мешавината со пармезан.
  2. На плех ставете алуминиумска фолија и благо намастете, па наредете ги кременадлите. Печете го месото во рерна загреана на 180 степени околу 45 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула