Паста примавера

Паста примавера

Лесен и вкусен оброк од тестенини…

Состојки:

  • 450 гр тестенини
  • 3 моркови, излупени и исечени на тенки кругови
  • 2 тиквици исечени на ленти
  • 1 главица кромид, ситно сечкан
  • 1 жолта пиперка, исечена на ленти
  • 1 црвена пиперка, исечена на ленти
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • 1 лажица бибер
  • 15 шери домати, преполовени
  • 3 лажици рендан пармезан
  • зачини по желба (босилек, мајчина душица, рузмарин…)

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени.
  2. Во плех измешајте масло, зеленчук, посолете, побиберете и додајте зачини. Половина од зеленчукот префрлете го во друг плех и рамномерно распоредете го. Печете го зеленчукот во загреана рерна и додека морковот не омекне, околу 20 минути. После 10 минути печење измешајте го зеленчукот.
  3. Тестенините згответе ги во врела посолена вода околу 8 минути. Процедете, но оставете една шолја вода во која се зготвени тестенините.
  4. Во голем сад измешајте ги зготвените тестенини и печениот зеленчук, а потоа додајте домати и чашата вода во која е зготвена пастата. По желба зачинете ја пастата и посипете со пармезан.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?