Сочна торта со киви за која не треба да вклучувате рерна!

Сочна торта со киви за која не треба да вклучувате рерна!

Ако не знаете со што да се засладите, зошто не би ја испробале оваа сочна торта со киви. Освен што е вкусна, за нејзината подготовка не треба ниту да вклучувате рерна.

Состојки:

  • 200 гр бисквити
  • 75 гр путер
  • 4 киви
  • 2 лажици желатин во прав
  • 1/2 чаша вода
  • 550 гр јогурт
  • 100 гр + 5 лажици шеќер
  • 1 лажица сок од лимон

Состојки за украсување:

  • 2 киви
  • 1 лимон
  • 2 лажици мед

Начин на подготовка:

  1. Бисквитите ставете ги во пластична кеса, па издробете ги со сукало и измешајте ги со растопен путер.
  2. Кружен калап обложете со масна хартија, ставете ја смесата од кекс и путер, притиснете со прстите и оставете да се лади во фрижидер на половина час.
  3. Измешајте желатин со половина чаша вода и оставете да отстои 30 минути.
  4. Излупете ги кивите, исечете ги на коцки, додајте пет лажици шеќер, сок од лимон и гответе минута-две на умерена температура, измешајте го желатинот и изладете 30 минути.
  5. Со миксер разматете јогурт со 100 гр шеќер, додајте ја смесата со киви, измешајте со лажица.
  6. Ставете преку кората од бисквити, покријте со фолија и оставете во фрижидер три часа.
  7. Прелијте ја тортата со две лажици мед и украсете ја со киви и лимон.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки