Крекери со сусам

Крекери со сусам

Солени крекери кои ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 100 гр сусам
  • 100 гр ленено семе
  • 150 гр сончоглед
  • 2 дл масло
  • 2 дл бело вино
  • прашок за пециво
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Од наведените состојки замесете тесто, оставете го на ладно место да отстои 15 минути.
  2. Развлечете го тестото на половина сантиметар, па со калап вадете крекери.
  3. Редете ги крекерите во плех обложен со хартија за печење и печете ги на 200 степени 15 минути, или додека фино не поруменат.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

 

singlepost_text