ОСВЕЖУВАЊЕ: Јогурт коцки со малини

ОСВЕЖУВАЊЕ: Јогурт коцки со малини

Лесни и освежувачки, јогурт коцките со малини се вистински десерт за сите љубители на благо!

Состојки:

  • 1,5 шолја брашно
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја јогурт
  • 1/2 шолја масло
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • кора од лимон
  • 125 гр малини

Начин на подготовка:

  1. Пенасто измешајте жолчки со шеќер.
  2. Во друг сад направете снег од белки. Потоа додајте јогурт, масло, брашно со прашок за пециво и изрендана кора од лимон.
  3. Сè измешајте и на крај додајте го снегот од белки.
  4. Премачкајте тепсија со путер и посипете со брашно. Ставете ја смесата, на врвот ставете малини и печете околу 25 минути во загреана рерна на 200 степени.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

 

singlepost_text