Домашен какао крем

Домашен какао крем

Направете сами вкусен крем кој сите ќе го обожаваат!

Состојки:

  • 1,5 дл млеко
  • 200-300 гр шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 200 гр млеко во прав
  • 100 гр чоколадо
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Ставете млеко, шеќер и маргарин на слаб оган да се растопат.
  2. Кога ќе се зготви, тргнете го садот од оган, измешајте ванилин шеќер и млеко во прав. Мешајте со жица или матете со миксер (за да нема грутки).
  3. Смесата поделете ја на 2 дела. Првиот требда да остане бел, а во другиот додајте чоколадо и мешајте да се растопи (додека смесата е се уште жешка).
  4. Во некој подлабок сад ставете ги двете смеси одеднаш (една држете во левата, друга во десната рака) и оставете да се излади. Домашниот еурокрем не е многу густ, но не смее да биде редок.

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text