ОВАА ПИТА Е ВРВ: Нема тесто, нема мачење, се прави со пире!

ОВАА ПИТА Е ВРВ: Нема тесто, нема мачење, се прави со пире!

За сите домаќинки кои сакаат пецива и пити, од сега може да уживате во вкусот на нова, вкусна и брза пита од месо и пире. Нема месење, мачење и многу работа во кујна.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 шолја супа
  • 1 лук
  • 2 моркови
  • ½ шолји грашок
  • 1 лажица масло
  • 2 лажици брашно
  • сол
  • пипер
  • 600 гр компир
  • магдонос
  • 3 лажици млеко
  • 20 гр маргарин

Подготовка:

  1. Компирот се мие, се лупи и се сече на мали коцки, а потоа се става во посолена ладна вода и се вари додека не омекне, околу 20 минути.
  2. Во меѓувреме се чисти лукот, морковот, се се сече и се пржи кратко на масло додека не порумени.
  3. Се додава грашокот со меленото месо и зачините и магдоносот. Се се меша додека не се соедини.
  4. Компирот се цеди, се става млекото и маргаринот, па се прави пире на вообичаен начин.
  5. Подлабок сад се премачкува сомаргарин па се става слој од месото и зеленчукот, па компирот, се додека има смеса.
  6. Запечете на 220 степени додека не порумени.

 

 

 Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

 

 

 

 

singlepost_text