Вкусно и здраво домашно чоколадо за вашите деца!

Вкусно и здраво домашно чоколадо за вашите деца!

Како би уживале во вкусот на чоколадото, не морате да го купувате, туку можете да го подготвите и дома. Верувајте, не е тешко!

Можеби нема да изгледа како она од продавница, но убаво е да се засладите со коцка здраво и вкусно домашно чоколадо.

За подготовка на ова чоколадо потребно е многу малку време, а резултатот ќе ги израдува вашите деца.

Состојки:

  • 70-100 гр какао во прав
  • 50 мл млеко
  • 2 супени лажици шеќер во прав или мед
  • 50 гр путер
  • малку цимет (по желба)

Начин на подготовка:

  1. На тивок оган загрејте млеко, без да зоврие.
  2. Додајте шеќер и мешајте. Потоа додајте путер, цимет, па мешајте.
  3. Смесата ставете ја во садот со какао прав, постепено, мешајќи, без брзање за да не се формираат грутки.
  4. Готовата смеса загрејте ја на тивок оган или водена пареа.
  5. По желба, додајте ореви, бадеми, лешници, суво грозје, и на тој начин ќе го направите чоколадото, не само вкусно, туку и здраво.
  6. Смесата можете да ја ставите во силиконски калапи. Оставете ја еден час во фрижидер да стегне, а потоа уживајте во вкусното домашно чоколадо.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)