Компир салата со мајонез и јајца

Компир салата со мајонез и јајца

Освен што е повкусна од обичната компир салата, изгледа многу подекоративно!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 4 варени јајца
  • 200 мл мајонез
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици сок од лимон
  • 1 лажичка сол
  • 1 главица кромид
  • целер

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги во лушпа и кога ќе се изладат исечете ги на малку подебели кругови. Дебелите делови од целерот отстранете ги, па тенкиот дел и листот ситно исечкајте ги. Кромидот исечете го на тенки кругови.
  2. Во чинија измешајте мајонез, сол, шеќер и сок од лимон, па додајте ги компирите, кромидот и целерот. Лесно измешајте и оставете во фрижидер да се излади.
  3. Јајцата исечете ги на кругови, па пред служење наредете на чинија малку салата, па неколку кругови јајца, па повторно салата, па јајца…

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство