Брзите колачи се нешто што го обожаваат сите домаќинки, а овој колач е еден од нив кој се прават брзо и лесно, а не ви се потребни никакви специјални кулинарски вештини.
Состојки:
- 200 гр шеќер
- 1 л млеко
- 3 пудинга од ванила
- 200 гр путер
- 1 кисела павлака
- 400 гр бисквити
- 800 гр банани (околу 4 банани)
- 200 мл слатка павлака
- 1 лажица шеќер во прав
- малку лешници или ореви за посипување
- малку путер за намастување
Начин на подготовка:
- Пудингот згответе го со млеко по упатството на кесичката, малку изладете па измешајте путер и мешајте додека не се растопи и соедини.
- Додајте кисела павлака и издробени бисквити. Излејте половина од смесата во намастен калап, наредете банани, а преку распоредете го остатокот од филот. Изладете во фрижидер барем 2 часа.
- Добро разматете слатка павлака со лажица шеќер во прав и премачкајте го колачот. Од горе посипете со мелени лешници или ореви.
Послужете и уживајте!
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома