РЕЦЕПТ за најбрзиот компир гулаш!

РЕЦЕПТ за најбрзиот компир гулаш!

Како би ви ги олесниле обврските, ви предлагаме за ручек да зготвите брз, евтин и вкусен компир гулаш, кој, сигурни сме, ќе стане чест избор на вашата трпеза.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 300-400 гр месо (јунешко, пилешко, свинско)
  • 200 гр пасиран домат
  • 1 лажица пипер
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид и издинстајте го кратко на масло. Како би го извлекле најдоброто од кромидот, ви предлагаме да ставите прстофат шеќер додека го динстате.
  2. Додајте месо и често мешајте. Додајте сечкани моркови, магдонос, целер и кога месото ќе почне да се лепи за лонецот, додајте шолја вода.
  3. Излупете ги компирите и исечете ги на поголеми коцки и ставете ги во лонецот.
  4. Додајте лук, пасиран домат, пипер, сол и бибер, почекајте да зоврие и затворете го лонецот. Гответе петнаесетина минути.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

Гурманска домашна плескавица

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

 

singlepost_text