Леб со рузмарин

Леб со рузмарин

Збогатете го лебот со ароматичен рузмарин…

Состојки:

  • 360 гр меко брашно
  • 120 гр интегрално пченично брашно
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 2 лажици ситно сечкан рузмарин

Начин на подготовка:

  1. Измешајте го квасецот со шеќер и малку топла вода и оставете го на топло да нарасне.
  2. Потоа од сите состојки замесете тесто, додавајќи по малку млака вода. Тестото добро изработете го со раце, да стане еластично и глатко. Покријте го садот со тестото со влажна крпа и оставете го час до час и половина да нарасне.
  3. Премесете го тестото со раце, ставете го во намастен и побрашнет чевртаст калап и оставете го уште 45 минути да нарасне. Ставете го да се пече на 240 степени, а по 15 минути намалете ја температурата на 190 степени и испечете го до крај.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text