БАКЛАВА САРАЈКА: Босански рецепт подобар и од оригиналниот!

БАКЛАВА САРАЈКА: Босански рецепт подобар и од оригиналниот!

Баклавата е омилен десерт за многу луѓе на нашите простори, особено во посните денови.

Овој пат, ви откриваме фантастичен рецепт за превкусна, мрсна баклава со павлака и јајца, која буквално се топи во уста!

Состојки:

  • 1 пакување тенки кори (15 парчиња)
  • 3 јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша масло
  • 3 лажици гриз
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво

Состојки за фил:

  • 350-400 гр мелени ореви попарени со 1/2 чаша врело млеко
  • 2 лажици шеќер
  • малку рендана кора од лимон

Состојки за прелив:

  • 1 кг шеќер
  • 800 мл вода
  • малку сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Пет кори наредете една на друга, помеѓу секоја мачкајте со подготвената смеса.
  2. Подгответе фил, па поделете го на три дела. На петтата кора намачкајте го првиот дел од филот, па свиткајте, а потоа повторете ја постапката уште два пати, така да се добијат три ролни.
  3. Згответе прелив од шеќер и прелијте ги испечените ролни.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Чоколадна баклава

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта