Овој колач можете да го јадете без грижа на совеста бидејќи е направен исклучиво од здрави состојки.
Состојки:
- 300 гр урми
- 200 гр ореви
- 60 гр како во прав
- 1 лажица есктракт од ванила
- вода
- малку сол
Состојки за глазура:
- 40 гр какао во прав
- 1/2 лажица екстракт од ванила
- 50 гр јаворов сируп
- 2 лажици билно масло или растопено кокосово масло
Начин на подготовка:
- Исчистете ги урмите од коски, сомелете ги во блендер па додајте ореви, 60 гр какао во прав, 1 лажица екстракт од ванила и малку сол. Полека додајте и вода, колку што е потребно за смесата да стане глатка.
- Развлечете ја смесата во плех и оставете ја во фрижидер кратко да се разлади, па прелијте ја со глазура од какао во прав измешано со половина лажица екстракт од ванила, јаворов сируп и масло.
Погледнете го и видеото кое ја прикажува подготовката на браунито:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта