Оригинален рецепт за бурек со месо: Турските пекари вака прават чиг борек! (ВИДЕО)

Оригинален рецепт за бурек со месо: Турските пекари вака прават чиг борек! (ВИДЕО)

Бурек од крцкаво тесто со мелено месо по рецептот на турските пекари! Еве како да подготвите вкусен чиг борек!

Состојки за тесто:

  • 2,5 чаши брашно
  • 1 лажица оцет
  • 1 чаша вода (по потреба додајте уште)
  • сол по вкус
  • брашно за развлекување

Состојки за фил:

  • 250 гр мелено месо
  • 1 главица кромид, ситно сечкан
  • сол
  • бибер
  • 1/2 чаша вода
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Брашното ставете го во длабок сад, направете вдлабнатина на средина и додајте сол, оцет и вода. Измешајте со раце, а потоа тестото префрлете го на даска и месете додека не престане да се лепи за раце и оставете да одмара околу 45 минути.
  2. Потоа тестото поделете го на топчиња (како поголем орев) и едно по едно развлечете ги на даска посипена со брашно, да добијат округол облик. На половина тесто разматете лажица фил, но водете сметка да остане околу 1 см до рабовите, преклопете па со раце или вилушка спојте ги краевите.
  3.  Веднаш пржете во длабока маст, да порумени од двете страни. Борекот извадете го на хартиена слафета и послужете го топол со јогурт или кисело млеко.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк

Вкусни погачици

Мекици

Посна торта

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Ресана торта

Колач со печени јаболка

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами