Ништо поубаво од мирисот на топла, домашна погача!
Овој мирис потсетува на детството и стариот шпорет на баба, но и рецептите кои немаа мана. Тоа секако е клучен детал ако сакате вкусен леб, а ние ви донесуваме баш таков рецепт – совршен!
Се работи за погача која се подготвува со јогурт, а кој на тестото му дава беспрекорен вкус.
Состојки:
- 2 јајца
- 2 дл јогурт
- 230 гр брашно
- 130 мл сончогледово масло
- 1/2 прашок за пециво
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Со миксер разматете едно јајце и една белка, додајте јогурт и 130 мл масло. Во оваа смеса додајте 230 гр меко брашно, прашок за пециво, сол и сè измешајте со миксер на најмала брзна.
- Плех со големина од 20х30 см премачкајте со масло и посипете со брашно, па ставете ја смесата. Премачкајте со разматена жолчка и печете во загреана рерна на 230 степени околу 15 минути.
Уживајте!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот