НОВ, МАГИЧЕН ТРИК: Вака се бојадисуваат најубави јајца! (ВИДЕО)

НОВ, МАГИЧЕН ТРИК: Вака се бојадисуваат најубави јајца! (ВИДЕО)

Оваа година интернетот „полуде“ по најновиот хит во бојадисување јајца – со помош на пена за бричење!Новата техника пружа можност за добивање обоени јајца во сите нијанси, а во рекорден рок!

Ако ве загрижуваат хемикалиите од пената за бричење, за истиот трик можете да употребите шлаг или слатка павлака.

Се што ви е потребно е пена за бричење или шлаг/слатка павлака, разнобојни бои за колачи и јајца со бела лушпа.

Во чинија ставете разматен шлаг, слатка павлака или пена, па додајте неколку капки од омилената боја.

Лесно измешајте со лажичка, за да добиете преубави, разлеани шари.

Ставете го јајцето во боите и на него ќе се пресликаат шарите.

Потоа извадете го јајцето и ставете го на салфета најмалку 30 минтуи, убаво да се исуши.

Кога јајцето ќе биде суво, внимателно со хартиена салфета тргнете го остатокот од пената или шлагот, но без триење.

Резулататот ќе ве воодушеви!

Погледнете го деталното упатство:

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки