Оригинален рецепт за англиска пита со јаболка: Мирисен и сочен десерт!

Оригинален рецепт за англиска пита со јаболка: Мирисен и сочен десерт!

Овој десерт може да замени доручек, бидејќи не е многу сладок, а е исклучително хранлив!

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 170 гр маргарин
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 лажици вода
  • 1 кг јаболка
  • 1 лимон
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици густин
  • 100 гр суво грозје
  • 1/2 лажичка цимет
  • 2 лажици мармалад од кајсии

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете брашно и маргарин. Изгмечете го маргатинот со вилушка, додајте вода и со раце замесете тесто. Поделете го тестото на два еднакви дела. Првиот дел ставете го во калап и со рака притиснете да го прекриете дното на калапот.
  2. Избоцкајте го тесотото. Јаболката излупете ги, исечете ги на коцки и ставете ги во длабок сад. Прелијте со сок од лимон.
  3. Додајте суво грозје, шеќер, ванилин шеќер, цимет и густин. Овој фил нанесете го на тестото во калапот.
  4. Од останатото тесто развлечете кора и ставете ја на филот. Печете 30 минути на 170 степени.
  5. Питата премачкајте ја со мармалад, исечете ја на парчиња и по желба посипете ја со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text