Од утре промена на времето

Од утре промена на времето

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините ќе има и појава на повремен снег. Преку денот ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер кој до вечерните часови ќе преминува во постуден северен ветер.Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 15 до 23 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно, попладне со услови за повремен дожд со можна појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува западен, а попладне северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Утре дневните температури позначително ќе опаднат и ќе се движат во интервал од седум до 14 степени. Ќе има и услови за појава на повремен дожд претежно во југозападните делови од земјата. На палнините на југот понекаде ќе има и врнежи од снег.

Во периодот до крајот на работната недела ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и од среда ќе започнат да надминуваат 20 степени.

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?