Малку поинакви палачинки: Унгарски лангош

Малку поинакви палачинки: Унгарски лангош

Одлично одат со кашкавал, а идеални се за доручек!

Состојки:

  • 900 гр брашно
  • 1/2 коцка квасец
  • 1 дл млеко
  • 2 дл јогурт
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 л вода
  • малку шеќер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во млеко разматете квасец и додајте малку шеќер. Оставете да надојде.
  2. Во брашното ставете квасец, сол и јогурт. Замесете тесто, додајте малку по малку млака вода.
  3. Оставете да надојде и нека тестото одмори 1 час. Размесете го тестото и правете мали топчиња со влажни раце и растегнете ги колку што можете.
  4. Во тава со доста масло пржете ги од двете страни додека не поруменат.
  5. Послужете со павлака и кромид, кајмак, кашкавал или јогурт.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)