Солена торта со тост леб

Солена торта со тост леб

Декоративно предјадење со богат вкус!

Состојки:

  • 1 тост леб
  • 300 гр мајонез
  • 800 мл павлака
  • 300 гр шунка Пекабеско
  • 1,5 лажици кечап
  • 8 кисели краставички
  • 5 варени јајца
  • 100 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Наредете 6 парчиња тост леб на послужавник да формирате подлога.
  2. За првиот фил, во сад измешајте 100 гр мајонез, 1 павлака, 300 гр рендана шунка и 1,5 лажици кечап. Филот распоредете го по подлогата и прекријте со тост леб, формирајќи друга кора.
  3. За вториот фил, соединете 100 гр мајонез, 1 павлака и 3 рендани кисели краставички. Премачкајте ја кората и повторно прекријте со тост леб, така што ќе добиете трета кора.
  4. За третиот фил измешајте 100 гр мајонез, 1 павлака, 5 рендани јајца и 5 кисели краставички. Распоредете го филот преку третата кора и премачкајте ја тортата со павлака. Од горе посипете со рендан кашкавал.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани