Предјадење кое ќе ве воодушеви: Воздушни стапчиња кифли со сусам

Предјадење кое ќе ве воодушеви: Воздушни стапчиња кифли со сусам

Овие кифлички со неодолив вкус се идеален додаток на  трпезата.

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 1 свеж квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 чаша масло
  • 1 кг брашно
  • 1 јајце
  • 100 гр сусам
  • 250 гр крем сирење

Начин на подготовка:

  1. Во топло млеко разматете квасец па додајте шеќер, сол и три лажици брашно. Измешајте и оставете квасецот да надојде. Во поглем сад замесете глатко тесто од брашно, масло и надојден квасец.
  2. Од тестото направете топчиња со големина на орев и развлечете ги на многу тенки квадрати, со пречник од прилика 13 см. Секое парче премачкајте го со сирење и свиткајте го на тенки кифлички кои наликуваат на стапчиња.
  3. Наредете ги во плех, премачкајте ги со разматени јајца, посипете со сусам и оставете ги на топло околу 15 минути. Печете во рерна на 200 степени околу 15 минути.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Торта „Мрзлива домаќинка“ – смешно име, одличен вкус

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта