ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Посна карамел торта

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Посна карамел торта

Посно и вкусно, направете карамел торта за најголемиот пост, Велигденскиот пост.

Состојки:

  • Посни бисквити
  • 3-4 супени лажици мармалад од портокал
  • 2-3 супени лажици мармалад од кајсија
  •  посно чоколадо 100 грама (за глазура)
    Крем:
  • 400 грама шеќер
  • 5-6 супени лажици посно млеко во прав
  • 1 л. вода
  • 3 пудинга од ванила
  • 200 грама маргарин
  • 1 ванила шеќер
  • 200 грама халта
  • 2-3 супени лажици нес-кафе

Подготовка:

  1. Прво се прави кремот: на страна се подготвува 1 литар врела вода со разматено посно млеко, па на оган се става 400 грама шеќер и се прави карамел. Потоа веднаш се тргнува на страна и во тоа се додава, жешко млеко.
  2. Тенџерето се тргнува од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи.
  3. Во изладен крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванила шеќер. Потоа се додава претходно изматена халта, па се загрева мармаладот и се меша со слаткото од портокал.
  4.   Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити најпрво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот.
  5. На крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура.
  6. Послужете ладно.

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

 

singlepost_text