Во земјата од која потекнуваат ги нарекуваат „фрикаделе“, а во ова наше поднебје изгледаат многу познато. Данските ќофтиња се меснати топчиња, исто како што се и овие наши балкански, само што ова јадење Данците го подготвуваат на нешто поинаков начин.
Состојки:
- 500 гр мелено јунешко месо
- 1 главица кромид
- 2 лажици брашно
- 1 лажица доматно пире
- 30 гр путер
- 1 ловоров лист
- 1 јајце
- 1/2 половина лажичка мајчина душица
- 1 пилешка коцка за супа
- 100 мл павлака
- магдонос
- 3-4 лажици млеко
- 1 чешне лук
- масло
- сол
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го и додајте во садот со мелено месо. Измешајте за состојките да се соединат. Додајте ситно сечкана мајчина душица, а потоа посолете, побиберете, додајте 2 лажици брашно, јајце и млеко.
- Во тава со растопен путер испржете ситно сечкан лук. Додајте лажица брашно, налејте 500 мл вода, коцка за супа, ловоров лист и доматно пире. Посолете, побиберете и измешајте ги сите состојки.
- Кога доматното пире ќе ја добие потребната густина, тргнете го од шпорет.
Од смесата со мелено месо, со помош на две лажички, формирајте ќофтиња и пржете ги во тава на загреан путер. - Според желбата и вкусот, ќофтињата можете да ги прелиете со некој сос и послужете ги со варен ориз.
- Данските ќофтиња се поздрави од оние кои ги подготвуваме ние, поради тоа што се подготвуаат на путер наместо на масло, како и поради тоа што не се користи свинско месо.
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко