Чоколадни коцки со ореви

Чоколадни коцки со ореви

Едноставна и брза варијанта на бајадери, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 250 гр шеќер
  • 18 лажици вода
  • 210 гр маргарин
  • 150 гр мелени ореви
  • 100 гр крупно сечкани ореви
  • 250 гр мелени бисквити
  • 100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот и водата ставете ги да зовријат. Тргнете го садот од оган и додајте маргарин убаво да се растопи.
  2. Додајте мелени ореви, па бисквити и на крај сечкани ореви и растопено чоколадо. Сè добро измешајте да се соедини во глатка смеса.
  3. Ставете во калап и со вилушка птошарајте по површината. Оставете во фрижидер да стегне.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат