Еве како да направите универзален слаткарски крем од ванила!

Еве како да направите универзален слаткарски крем од ванила!

Дали сте слушнале за таканаречениот универзален ванила крем, кој слаткарите го ставаат во повеќето свои колачи и торти?

Вкусот на овој крем кој се топи во уста е едноставно незаменлив. Пробајте и ќе се уверите сами, а ние ви претставуваме оригинален рецепт.

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 1 стапче ванила
  • 4 жолчки
  • 150 гр шеќер
  • 50 гр брашно или густин
  • 1 лист желатин

Начин на подготовка:

  1. Згответе млеко со рендани семки од стапчето ванила. По желба ставете и празно стапче, кое треба да го извадите кога млекото ќе зоврие.
  2. Жолчките разматете ги со шеќер, па додајте брашно или густин, измешајте да нема грутки. Во тоа ставете малку зовриено млеко, добро разматете па додајте го и остатокот од млекото. Добро измешајте, вратете го во садот во кој млекото се готвело и гответе на слаб оган додека кремот не згусне.
  3. Тргнете го од оган и додека се лади често мешајте, за по врвот да не фати кора, или прекријте со порѕирна фолија. За побрзо ладење, кремот ставете го на поголема тацна, раширете го и прекријте го со фолија.
  4. За погуст крем, зготвениот крем тргнете го од оган, нека малку одмори, па измешајте со претходно наквасен и исцеден желатин.
  5. Добивте основен крем за филување торти и колачи, а можете по желба да го збогатите вкусот со додавање разматена слатка павлака, пенасто разматен путер и растопено чоколадо, како и овошни екстракти.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед