Вкусна пита со праз

Вкусна пита со праз

Доколку се изморивте од стандардните вкусови и посакавте нешто поинакво, оваа пита е вистинско освежување.

Состојки:

  • 500 гр тенки кори за пита
  • 500 гр праз
  • сол
  • 500 гр фета сирење
  • 5 јајца
  • 100 гр кисела павлака
  • 100 гр густ јогурт
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Празот исечете го на кругови. Испржете го на слаб оган додека не омекне и посолете го. Во длабока чинија изгмечете фета сирење, додајте јајца, јогурт и павлака. Добро измешајте, па додајте го изладениот праз.
  2. Во намастен плех ставете ја првата кора. Премачкајте ја со масло, па на неа ставете друга на која оди филот. Повторувајте додека не ги потрошите корите. Завршете со две кори и премачкајте ги со мешавина од масло и вода. Оставете малку да отстои.
  3. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт