КОЛАЧ АФРИКА: Во споредба со него, останатите чоколадни десерти се ништо!

КОЛАЧ АФРИКА: Во споредба со него, останатите чоколадни десерти се ништо!

Не мора посебно да се објаснува зошто овој вкусен темен колач се вика „Африка“. Изгледа интересно и моќно, а таков е и вкусот. Што е најважно, се прави многу брзо, и тоа од лесно достапни состојки.

Состојки за тесто:

  • 1 л млеко
  • 350 гр шеќер
  • 250 мл масло
  • 6 лажици бршно од рогач
  • 17 лажици брашно
  • 2 кесички прашок за пециво

Состојки за прелив:

  • 100 гр чокоадо за готвење
  • 2 лажици какао
  • 4 лажици шеќер
  • 200 мл млеко
  • 100 мл рум

Начин на подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете млеко, шеќер, масло, брашно од рогач, прашок за пециво и брашно. Мешајте со жица се додека смесата не се соедини. Премачкајте правоаголна тепсија со маргарин и ставете ја сместа.
  2. Печете 30 минути на 180 степени. За тоа време подгответе го преливот – во тенџере ставете 200 мл млеко, 4 лажици шеќер, рум и какао. Загревајте на шпорет и додајте чоколадо искршено на парчиња.
  3. Гответе додека чоколадото и шеќерот не се растопат и оставете преливот да се излади. Извадете ја тепсијата од рерна и исечете го колачот на коцки. Пречијте го колачот и по желба изрендајте чоколадо од горе.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат