Температурите ќе паднат за 10 степени – уживајте во сонцето додека го има

Температурите ќе паднат за 10 степени – уживајте во сонцето додека го има

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи топло време за овој период од годината. Дневната температура од сабота ќе има тенденција на опаѓање.

Од почетокот на наредната недела се очекува позначителна промена на временската состојба, од северозапад ќе наиде релативно влажен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата и промена на временската состојба. Ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.

 

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса