Супер вести за времето – временска за цела недела

Супер вести за времето – временска за цела недела

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, поизразен во средината на денот долж Повардарието.Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До крајот на работнава недела ќе се задржи топлото време. Преодно наоблачување ќе има во четврток со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималните температури нема многу да се менуваат, а негативни утрински температури не се очекуваат. За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе биде посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во западните и северните делови од земјата.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text