И ЛУТО И СЛАТКО: Пилешко во мед и чили сос – прсти да излижеш!

И ЛУТО И СЛАТКО: Пилешко во мед и чили сос – прсти да излижеш!

Задолжително пробајте го овој несекојдневен, а многу вкусен рецепт!

Состојки:

  • 250 гр пилешки гради
  • 1 шолја ориз
  • 75 гр шеќер
  • 1 чешне лук
  • 5 лажици соја сос
  • 3 лажици мед
  • 1/2 лажичка чили сос
  • 2,5 дл вода
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • сусамово масло

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради исечете ги на поголеми коцки. Ставете ги во пластична кеса и додајте им пченкарно брашно, па со раце протријте го брашното во секое парче пилешко.
  2. Во тава ставете малку сусамово масло и пропржете го пилешкото од сите страни. Кога ќе биде готово месото оставете го на страна, па подгответе сос.
  3. Во тавата додајте ситно сечкан лук, шеќер, соја сос, мед, вода и чили сос. Гответе на средна температура додека сосот не зоврие, па малку намалете ја температурата и гответе додека течноста од сосот не испари за половина. Потоа измешајте лажица пченкарно брашно со малку вода, па таа мешавина додајте ја во сосот. Во сосот додајте ги парчињата пилешко и мешајте додека не ја добиете саканата густина.
  4. Послужете го пилешкото со варен ориз.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text