НЕОБИЧНО ПОЛНЕТО ПЕЧИВО: Еве како да направите „фишек пица“! (ВИДЕО)

НЕОБИЧНО ПОЛНЕТО ПЕЧИВО: Еве како да направите „фишек пица“! (ВИДЕО)

Ќе уживате во секој залак.

Рецептот за пица печиво на нов, необичен начин. Пицата во облик на фишек послужете ја за доручек, вечера, ужина или кога доаѓаат гости.

Состојки:

  • 500 гр бело брашно – тип 400 или 500
  • 1,5 дл млако млеко
  • 1 дл вода
  • 20 гр свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици маслиново масло

Состојки за фил:

  • 5-6 лажици кечап
  • 250 гр салама или некој друг сувомеснат производ
  • 250 гр кашкавал
  • оригано

Состојки за премачкување:

  • 100 гр путер или маргарин
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Измешајте квасец, млеко, шеќер и 3 лажици брашно, прекријте со крпа и оставете го некое време. Кога масата ќе запени, додајте масло, брашно и сол. Замесете тесто и оставете го прекриено да се дуплира.
  2. Потоа премесете го и развлечете голем круг. Со чаша вадете кругови и на секој намачкајте кечап, ставете изрендано сирење и сечкана салама. Еден крај свиткајте преку филот, а другиот крај преку тестото. Прилепте малку со прсти. Наредете ги фишеците во тепсија, претходно намастена со маргарин или обложена со хартија.
  3. Со вилушка разматете растопен путер, додајте јајце и добро измешајте. Секој „фишек“ премачкајте го.
  4. Ставете да се печат во загреана рерна на 200-220 степени. Печете околу 25 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text